Дома Фудбал Погледнете како Баерн во 92. минута на неверојатен начин остана без победа

Погледнете како Баерн во 92. минута на неверојатен начин остана без победа

Баерн денеска одигра 1:1 на гостувањето кај екипата на Лајпциг.

Баварците уште во 3. минута со голот на Левандовски стигнаа до водство, а Форсберг во продолжението на првото полувреме од пенал изедначи на 1:1.

Продолжението донесе добра игра на двата тима кои имаа свои прилики да стигнат до трите бода.

Екипата на Нико Ковач до победа можеше да дојде во последните секунди од натпреварот кога Суле со глава шутираше на голот, но топката помина покрај стативата и отиде во гол-аут за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…