Пол Погба синоќа го постигна еден од најзначајните голови во својата кариера и беше еден од најдобрите поединци на теренот, иако се наоѓа во тежок период од животот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Французинот пред две недели му почина таткото, па поради тоа доста лично го прими терористичкиот напад во Манчестер каде загинаа 22 луѓе.
„Таквите случувања се шок за целиот свет. Моравме да останеме сконцентрирани и фокусирани, што навистина не беше лесно. Победивме за прекрасниот град Манчестер, додавме се од себе. Игравме за Англија, за сите загинати, игравме за целиот свет“, изјави Погба.
Французинот потоа истакан дека во финалето од Лигата на шампиони ќе навива за Јувентус и дека го очекува својот поранешен клуб во Суперкупот на Европа.