Дома Фудбал Англија „Погба не е играч од светска класа“

„Погба не е играч од светска класа“

Легендарниот играч за врска. Едгар Давидс ја критикуваше ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба, велејќи дека играта на Французинот не е на највисоко ниво.

„За време на Светското заклучив дека е добар. Таму имаше два натпревари, во кои беше многу добар. Но не и на највисоко ниво. Разбирате ли? Знаете, го сакам неговиот талент. Не ме сфаќајте погрешно. Но талентот не е 20 минути. Треба да се игра 90 минути. Потребна ти е силата да го подигнеш тимот“.

„Не го гледам тоа во него. Каква му е улогата во Манчестер Јунајтед? Која е најдобрата улога? Мурињо е таму неколку сезони. Тој треба да знае каде Погба игра најдобро“, изјави популарниот „Пит Бул“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и прегов…