Дома Фудбал Англија Погба го пропушта дербито со Ливерпул!

Погба го пропушта дербито со Ливерпул!

Оле Гунар Солскјер се соочува со нови проблеми, зашто дозна дека нема да може да смета на Пол Погба до ноември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најлошиот старт во сезоната на Манчестер јунајтед во последнтие 30 години е сега зачинет и со повредата на Французинот, кој нема да може да настапи ниту на дербито против Ливерпул на 20 октомври, а ќе ги пропушти и дуелите против Норвич и Челси.

Тоа значи дека Погба ќе го пропушти и мечот против Партизан во Белград на 24 октомври, па навивачите во Србија нема да може да го видат Французинот во акција.

Секако, ова е нов удар за Солскјер, чие тренерско столче се „тресе“, па доколку не ги подобри резултатите, сигурно ќе ја загуби и довербата кај управата, по што отказ ќе биде неизбежен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Звезда на Реал зборува за тоа како е да се работи со Мурињо: Зборовите одекнаа низ Шпанија

Португалскиот стратег Жозе Мурињо по втор пат го презеде Реал Мадрид, а фудбалерите на …