Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно се соочува со проблем кога е подготвеноста за настап на терените во прашање.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Надал планираше да настапи на турнирот во Доха, сепак, тоа нема да се случи. Преку својот Инстаграм профил Надал ја информираше јавноста дека нема да биде во можност да заигра во Доха иако тоа било негова желба.
„Сакав да настапам во Доха, но за жал не сум подготвен. Ќе се фокусирам да се вратам во Лас Вегас и турнирот во Индијан Велс“, најави шпанскиот тенисер.
Ќе потсетиме, Надал играше на турнирот во Бризбејн кој требаше да биде како подготовка на Австралија Опен, меѓутоа се повреди и не настапи во Мелбурн.