Дома Фудбал Повреда број 42 во Реал Мадрид

Повреда број 42 во Реал Мадрид

Напаѓачот Маријано Дијаз стана новата жртва на „епидемијата“ од повреди која го нападна Реал Мадрид оваа сезона.

27-годишниот напаѓач заработи мускулна повреда на мечот против Реал Сосиедад. Не е јасно колку време ќе отсуствува од терените, но сигурно ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид во недела.

На „Сантиаго Бернабеу“ сепак се надеваат дека Маријано ќе биде спремен за дуелот со Аталанта во ЛШ на 16-ти март.

Во меѓувреме првиот напаѓач Карим Бензема тренира индивидуално, а Зидан се надева дека Французинот ќе биде спремен за големото градско дерби.

Колку Реал Мадрид оваа сезона има проблем со повредите најмногу зборува фактот што повредата на Маријано е 42-та од почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија не издржа, Сити до победа и полуфинале, на „Енфилд“ без голови“ 🎥

Во вечерашните двојки во четвртфиналето од Лигата на шампионите не видовме некое изненадув…