Дома Топ вести Повеќе нема дилеми, Милан ќе го откупи Томори

Повеќе нема дилеми, Милан ќе го откупи Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Синоќа одигра уште еден фантастичен меч и беше избран за играч на натпреварот против Фиорентина.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.

Малдини наскоро ќе започне преговори со Челзи за да го договори начинот на плаќање и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

23-годишниот дефанзивец исто така е спремен да остане во Милан и да потпише 5 –годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фото: Шкендија на плоштадот во Тетово ја прослави титулата заедно со своите навивачи 📸

Вчера беше весело во Тетово, Шкендија ја славеше шампионската титула на градскиот плоштад …