Дома Фудбал Победи против Барселона за прво место во Ла Лига и порача: Добро е, опстанок обезбедивме!

Победи против Барселона за прво место во Ла Лига и порача: Добро е, опстанок обезбедивме!

Жирона е вистински хит сезонава во европскиот фудбал, а вчера со победа (2:4) против Барселона го преземеаа лидерското место на табелата по 16 кола.

Сигурно дека и најголемите оптмисти и навивачи не очекуваа дека Жирона по 16 натпревари ќе биде лидер во Ла Лига, веројатно во клубот пред почетокот на сезоната некој да им понудеше излез во Европа и преку Конференциска лига ќе „потпишеа“ со две раце.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Жирона влезе со примерна цела да не испадне од првенството, а сега живеат вистинска бајка.

Тренерот на Жирона, Мичел по натпреварот истакна дека добро е што опстанокот го обезбедиле.

„Добро е, сега имаме 41 бод и обезбедивме опстанок. Титулата секако не ни беше цел пред почетокот на сезоната. Ова што го направивме против Барселона е историја. Секако дека сме задоволни играме убав фудбал и победуваме. Сакаме да рушиме бариери. Дали имаме капацитет да се бориме за титулата ќе видиме во последната третина од сезоната. Дотогаш мора да стоиме цврсто на земја“, изјави Мичел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…