Дома Останати Кошарка НБА Победа за Голден Стејт против ѕвездите на Лејкерси

Победа за Голден Стејт против ѕвездите на Лејкерси

Во предсезонските натпревари во НБА лигата Голден Стејт Вориорс славеше против Лос Анџелес Лејкерс со 111:99.

Лејкерси подобро го отворија мечот и првата четвртина ја добија со осум поени разлика, потоа Голден Стејт направи пресврт и до крајот без проблеми стигна до победата.

Кај Голден Стејт најдобри беа Џордан Пул со 18 поени, Демион Ли и Ото Портер постигнаа по 16, додека Немања Бјелица постигна 10 поени и забележа пет скокови и три асистенции. Во редовите на Лејкерси Ентони Дејвис постигна 20, Леброн 17 и Кармело Ентони 13.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

И третиот од браќата Бол ќе игра во НБА!

Лианџело Бол и официјално стана нов кошаркар на Шарлот Хорнетс. Тој потпиша двоен договор …