Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Работнички сака конечно гол и прекинување на црната серија, Ренова враќање на „европските позиции“!

ПМФЛ: Работнички сака конечно гол и прекинување на црната серија, Ренова враќање на „европските позиции“!

Работнички и Ренова денес го отвараат 16. коло во ПМФЛ.

Ниту тренерската смена во Работнички не помогна да се подобрат резултатите барем засега. Со три порази во низа Работнички ќе играат против Ренова и посакуваат излез од црната серија.

На кормилото на „романтичарите“ на местото на Александар Влахо дојде Борче Христов. Со него на клупата запишаа порази од Струга и Тиквеш со (0:1). Пред тој да дојде Академија Пандев ги победи со 3:0. Она што секако ги загрижува во Работнички е тоа што веќе 300 минути се без постигнат гол. Димитар Тодоровски во победата против Борец (1:0) е последниот нивни стрелец.

Во првиот круг Ренова беше едно од пријатните изненадувања во ПМФЛ. Сепак во вториот дел од сезоната за тимот на Ќатип Османи дојдоа поразите од ривалите за горните позиции (Академија Пандев, Шкупи, Шкендија). Ренова во последните пет кола има само една победа. Таквите резултати придонесоа Ренова да падне од втората на четвртата позиција.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…