Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Брегалница на гости во Кавадарци кај Тиквеш!

ПМФЛ: Брегалница на гости во Кавадарци кај Тиквеш!

18-коло во првата македонска фудбалска лига ќе биде денес отворено со натпреварот помеѓу Тиквеш и Брегалница во Кавадарци.

Тиквеш во последниот период започна да игра подобро, па успеа да врзе и три натпревари без пораз со што дојде до 10. позиција со 15 бода, сепак Работнички над опасната зона има 22. Во минатото коло тимот од Кавадарци одигра 0:0 со четвртопласираната Ренова, па и против Брегалница која е на петтата позиција ќе се обидат да ја продолжат серијата.

Брегалница имаше одличен старт на првенството беше дури и на позициите кои водат во Европа сепак, следуваа неколку лоши резултати па паднаа на табелата. Во последното коло штипскиот тим претрпе пораз од Работнички, додека претходно ремизираше со Академија Пандев.

Гостите можеби се благи фаворити, но со поддршката од „Лозари“ дома Тиквеш секако не смее да се отпише предвреме. Натпреварот се игра од 13:00 часот. Останатите средби од ова коло се играат утре.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…