Дома Македонски спорт Мак ракомет Писонеро: Доаѓам за да го одржам Вардар на исто ниво

Писонеро: Доаѓам за да го одржам Вардар на исто ниво

0

Третиот Шпанец во низа кој ќе го води Вардар е Давид Писонеро кој доаѓа на местото на Роберто Гарсија Парондо кој оваа сезона го одведе Вардар до европскиот трон.

Денес Писонеро даде поголемо интервју за официјалната страна на Лигата на шампионите.

Досега тој беше тренер на Ваљаодлид и зане дека прави голем чекор во свјата кариера. Писонеро во ова интервју најави дека негова цел ќе биде да го одржи Вардар на нивото на кое играше македонскиот и европскиот шампион под водство на неговите сонародници, Раул Гонзалез и Парондо.

„Јас одам во Вардар со цел да го одржам клубот на исто ниво какво што е сега. Најважното нешто во Вардар е тимсхиот дух и страста која ја покажаа играчите на крајот од сезоната. Навистина сум среќен што одам во еден таков тим. Она што го направија Гонзалез и Парондо за мене не претставува притисок, сакам тоа да биде моја предност. Една од главните карактеристики на шпанските тренери е напорната работа, тоа е она што и јас ви го ветувам“, најави Писонеро.

Вардар ќе го напуштат неколку ракометари, па се очекува да бидат доведени нивни замени, Писонеро одговори и напрашањето какви ракометари ќе бара.

„Ќе барам ракометари кои ќе можат брзо да се прилагодат во мојот систем кој го имам замислено, сакам ракометари кои играат добро и во напад и во одбрана“, потенцираше Писонеро.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пандев го продолжува договорот со Џенова!

Македонската фудбалска икона Горан Пандев ќе стави потпис на нов договор со Џенова пренесу…