Дома Македонски спорт Мак фудбал Пионерите на Шкендија го освоија Купот на Македонија

Пионерите на Шкендија го освоија Купот на Македонија

Денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во првиот финален меч (пионери) од четирите во младински категории во  Купот на Македонија, фудбалерите на Шкендија го освоија трофејот, совладувајќи ја екипата на Брегалница со 3:2.

Видовме неизвесен натпревар со отворена и израмнета игра од двете страни, со вкупно 5 постигнати погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија рано успеа да поведе со 1:0. Стрелец на водечкиот погодок беше Албион Муслиу во 4. минута. Штипските плави брзо успеаа да ги консолидираат своите редови по раниот примен гол и само 7. минути подоцна успеаа да израмнат на 1:1 преку Александар Нехтенин. Шкендија преку Хисар Али успеа повторно да поведе во 33. минута, а Едис Бајрами со гол во 43. минута успеа да ја зголеми предноста на 3:1 и со тој резултат да се замине на полувреме.

Во продолжението од натпреварот, Брегалница се обидуваше да се врати во игра, создаваше можности, но на крајо успеа да постигне само еден погодок, доволен за намалување на предноста на противникот. Стефан Антониев го постигна вториот погодок на Брегалница и ги постави конечните 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар со победа против Мура ги почна подготовките

Вардар го победи словенечкиот прволигаш Мура со 2-0 во контролен натпревар од подготовките…