Дома Фудбал Пиоли: Со Тотенхем сме на исто ниво, можеме да го елиминираме

Пиоли: Со Тотенхем сме на исто ниво, можеме да го елиминираме

Милан и Тотенхем утре ќе го одиграат првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони на „Сан Сиро“.

За двата тима овој дуел доаѓа во незгоден момент, а тренерот Пили смета дека двата тима се на исто ниво во овој момент и имаат подеднакви шанси.

„Верувам дека сме рамноправни со Тотенхем. Не мислам дека некој тим е подобар во моментов, сметам дека сме на исто ниво“, изјави Пиоли.

„Доколку сакаме да победиме имаме потреба од поголем интензитет и класа во играта, но подготвени сме за тоа. Сакам да бидеме постојано опасни за противникот. Но важно е да бидеме компактни, бидејќи Тотенхем има многу силни напаѓачи. Знаеме дека ќе биде тешко, Конте е фантастичен тренер, но знаеме дека можеме да се пласираме во четвртфинале“, заклучи Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…