Дома Фудбал Италија Пиоли се уште е на платен список во Милан, може да се врати

Пиоли се уште е на платен список во Милан, може да се врати

Милан ова лето се раздели со Стефано Пиоли и за нов тренер го назначи Паоло Фонсека, но работите не тргнаа на добро.

Фонсека во првите три кола освои само два бода, Милан игра лошо, па португалскиот тренер е под голем притсок.

„Калчомеркато“ открива дека „росонерите“ можат да го вратат Пиоли, кој се уште е на платен список на клубот и има договор до јуни 2025 година.

Милан и Пиоли спогодбено се разделија, но неговиот договор не беше раскинат и тој не доби ангажман во нов клуб.

Фонсека ќе добие доверба и неговата иднина ќе зависи од резултатите во следните три меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tренерот на Јувентус остар кон новото засилување: Со причина не играше две години!

Јувентус ја отвори новата сезона во Серија А со триумф на гости кај Фросиноне (1:0), но и …