Дома Фудбал Италија Пиоли по големата победа: Бевме блиску до перфекција, задоволството е големо

Пиоли по големата победа: Бевме блиску до перфекција, задоволството е големо

Вчера Милан со 3:0 го победи Јувентус во важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите.

Милан направи исчекор во големата борба, а Јувентус по поразот се најде надвор од топ 4. „Старата дама“ е на петтата позиција и во последните три кола ќе се обиде да дојде до некое од местата кое водат во ЛШ.
Стратегот на Милан, Стефано Пиоли нормално беше задоволен од победата на неговиот тим.

„Јас сум човек кој не верува во перфектен перформанс, но ако постои денес бевме блиску до тоа. Одигравме натпревар како искусен тим, максимално посветено. Милан никогаш не победил на овој стадион и задоволството е навистина големо“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп не очекува повеќе титули по пресудата за Манчестер Сити

Јирген Клоп не очекува да добие повеќе титули ретроспективно по пресудата за Манчестер Сит…