Mилан и Наполи во италијанска пресметка ќе одлучуваат кој ќе оди во полуфиналето од Лигата на шампионите, ако се земе предвид актуелната форма, фаворит е тимот на Елмас, но не смее да се заборави историјата која ја има Милан во најелитното европско натпреварување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми објавуваа дека во Неапол славеле кога го добиле Милан за противник. Новинарите тоа му го соопштија и на Пиоли во средбата по извлекувањето на парови.
„Во Напол се славело затоа што го добиле Милан за противник? Не знам ништо за такво нешто и не би коментирал, но секако дека ако тоа се случило не е добро. Јас никогаш не би славел пред да победам во натпреварите. Ќе видиме што ќе се случува на теренот, Наполи максимално го респектирам. Имаат одличен стратег и се неприкосновени во Серија, но ова Лига на шампионите, а Милан е Милан“, изјави Пиоли.
Интересно е што победникот од пресметката помеѓу Наполи и Милан ќе оди на во полуфинале против подобриот од средбата Интер – Бенфика. Во другиот дел од ждребот се Реал – Челси и Манчестер Сити – Баерн.