Дома Фудбал Италија Пиоли: Кога е Ибра тука немам потреба да влегувам во соблекувална

Пиоли: Кога е Ибра тука немам потреба да влегувам во соблекувална

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека повеќе не разговара со фудбалерите после натпреварите.

Пиоли не гледа причина да се разговара после мечот бидејќи најважната комуникација според него е пред натпреварот.

„Најважните работи се кажуваат пред мечот, а не после тоа. Можеби е потребно само да се разјасни нешто конкретно, но вообичаено претпочитам за зборувам следниот ден. Сега кога е Ибра тука скоро и да не влегувам во соблекувалната“, изјави Пиоли.

„Пред важните натпревари сакам да држам мотивациски говори, но тоа го правам пред натпревар и потоа ја очекувам нивната реакција на теренот. Нема да го заборавам говорот пред дуелот со Аталанта минатата сезона кој беше клучен за пласман во ЛШ, кога завршив лицата на играчите се променија, излеговме и победивме“, откри Пиоли.

Милан оваа сезона игра идклучително добра и после првите 10 кола има 9 победи и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп не очекува повеќе титули по пресудата за Манчестер Сити

Јирген Клоп не очекува да добие повеќе титули ретроспективно по пресудата за Манчестер Сит…