Дома Топ вести Пике се предомисли, сака да се врати на терените

Пике се предомисли, сака да се врати на терените


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Жерард Пике пред два месеци се збогува од фудбалот, но набрзо може да ја промени одлуката.

Пике емотивно се прости од Барселона за која одигра 615 натпревари, а шпанските медиуми пишуваат дека се предомислил и сака повторно да се врати на терените.

Пике е сопственик на шпанскиот второлигаш Андора и неговото евентуално враќање во фудбалот е поврзано со тој клуб.

Останува под знак прашалник колку, поради финансиските ограничувања и правила, е реално да се очекува негово евентуално враќање на терените.

На Андора и е дозволено да троши максимално 7 милиони евра годишно за плати, а според правилата Ла Лига дозволува двојно помала плата од досегашната, па Пике треба да добие посебна дозвола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лоб со глава: Гол на Барди за Трабзонспор! 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди во и…