Дома Останати Петта мадридска мастерс титула за Надал

Петта мадридска мастерс титула за Надал

Рафаел Надал е победник на Мастерс турнирот во Мадрид. Шпанецот во финалето, кое траеше два часа и 19 минути, го победи Австриецот Доминик Тим со 7:6, 6:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рафаел Надал во Мадрид ја освои петтата титула на овој турнир, со што стигна до бројката од 30 титули на турнирите од МАстерс серијата и на вечната листа се израмни со Новак Ѓоковиќ. Зад овие двајца е Роџер Федерер со 26 трофеи.

Младиот Австриец кој го одигра своето прво мастерс финале во кариерата, му пружи достоен отпор на фаворизираниот Шпанец. Особено Тим беше конкурентен во првиот сет кој траеше еден час и 19 минути. Надал го доби сетот во тај-брејк со 10:8.

Во вториот сет, Тим успеа да го освои сервисот на противникот кога Ндал сервираше за меч, но потоа не успеа да избори трет сет.

Мастерсот во Мадрид се играше за награден фонд од 5,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Зверев е прв финалист на Ролан Гарос

Германскиот тенисер, Александер Зверев, се пласираше во финалето на Отвореното првенство н…