Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ присуствуваше на НБА тимот на Атланта Хокс каде што настапувеше од 2013 до 2015 година.
Засега не е позната причината за посетата, но Антиќ објави фотографии со својот поранешен соиграч од Атланта Кајл Корвер, но и со Екпе Удо со кого ја делеше соблекувалната во Фенербахче. Удо во овој момент работи како помошник тренер во Атланта.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог

Атланта во сезоната 2014/2015 кога Антиќ настапуваше играше конференциско финале, но загуби од Кливленд кој во тоа време беше предводен од Леброн Џејмс.