Дома Фудбал Италија Перишиќ после финалето го загрижи Интер: Со важните играчи не се чека до последен момент

Перишиќ после финалето го загрижи Интер: Со важните играчи не се чека до последен момент

Иван Перишиќ постигна два гола против Јувентус во финалето на италијанскиот куп во кое Интер славеше победа со 4:2 после продолженија.

Одличниот хрватски репрезентативец постигна голови во 98. и 102. минута. Посебно убав беше вториот гол кога со прекрасен удар ја потврди победата и осмата титула на Интер во ова натпреварување.

Хрватскиот репрезентативец сезонава е еден од најдобрите играчи на „нероаѕурите“. После финалето Перишиќ зборуваше за својот договор кој му истекува во јуни оваа година. Перишиќ има 33 години, но и понатаму е еден од најдобрите на својата позиција.

Сепак, раководството на Интер се уште не постигнало договор со него за продолжување на соработката. Перишиќ на оваа тема зборуваше после финалето.

„Се чувствувам како лидер, но кога екипата вака работи тогаш е лесно да се биде лидер. Мораме да продолжиме вака. Имаме уште две финалиња и се е можно ако продолжиме да веруваме. Верувам дека можеме да ја освоиме титулата пред Милан. За нов договор се уште не знам ништо. Само знам дека со важните играчи не се чека до последен момент“, порача Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…