Дома Топ вести Перез не жали пари: Праќа „СМС“ од 150 милиони

Перез не жали пари: Праќа „СМС“ од 150 милиони

0

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ најверојатно ќе биде најголема ѕвезда во летниот преоден рок.

Милинковиќ-Савиќ одигра фантастична сезона во дресот на Лацио, а добрата форма ја покажа и на Мундијалот, па за него силен интерес покажуваат најголемите европски гиганти.

Лацио за неговата слобода бара 150 милиони евра, а последните информации од Апенините велат дека Реал Мадрид е спемен да ја плати таа сума.

Имено, новинарот на „Спортиталија“, Алфредо Педула пренесува дека „кралевите“ веќе започнале преговори со Лацио и се спремни да понудат 120 милиони евра плус бонуси, така што целата сума да достигне до 150 милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


Интерес за Србинот покажуваат уште Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но овие клубови не се спремни да ја платат споменатата сума, па Реал Мадрид во моментов е во пол-позиција за потписот на СМС.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадувањето на денот: Џирона во натпревар со четири гола остана непоразена на „Ноу Камп“ (ВИДЕО)

Тимот на Џирона вечерва направи изненадување и остана непоразена на гостувањето кај Барсел…