Дома Топ вести Перез ги спреми милионите: Мбапе или Салах за нов „галактико“

Перез ги спреми милионите: Мбапе или Салах за нов „галактико“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез наредното лето сака да донесе уште една голема ѕвезда и спремил огромен буџет за тоа.

Поради неубедливите игри, на удар на јавноста се најде тренерот Зинедин Зидан, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека проблемот може да се реши со купување на нови фудбалери.

Перез засега подготви 170 милиони евра, а прва мета е ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Доколку не успее да го договори младиот Французин, тогаш ќе се насочи кон Мохамед Салах.

ПСЖ и Ливерпул тешко дека ќе се откажат од своите најголеми ѕвезди, но Перез не се откажува и наводно е спремен да плати и повеќе од 200 милиони, за да доведе нова голема ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анализа: Сити мотивиран гостува во Мадрид! Дали ова е последната шанса за Пеп и овој тим?

Реал Мадрид ќе го пречека Манчестер Сити во доста незгоден момент за тимот. Реал игра во с…