Дома Трансфер зона Пепе останува во Европа, Италија нова дестинација?

Пепе останува во Европа, Италија нова дестинација?

Во шпанските медиуми последните денови често се пишуваше иднината на дефанзивецот на Реал Мадрид Пепе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот е член на Реал Мадрид од 2007 година кога пристигна од Порто, а на крајот на оваа сезона неговиот договор истекува. Шпанските медиуми веќе го “oтпишаа” и сметаат дека Реал нема намера да го продолжи договорот со 34 годишниот фудбалер.

Сепак, Португалецот нема потреба да се грижи за својата иднина, бидејќи многу клубови се заинтересирани за неговите услуги. Прво се споменуваше дека би можел да заврши во Кина, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.

Шпанците тврдат дека Пепе веќе одлучил да го облече дресот на Интер, а во италијанскиот клуб би се преселил како слободен играч. Интер има нови сопственици и големи амбиции за наредната сезона, а Пепе секако би можел да им биде од корист.

Португалецот оваа сезона одигра 13 натпревари во Примера, постигна два погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…