Дома Фудбал Останато Пепе го брани Роналдо: Тие што го критикуваат не знаат колку е тешко да се постигнува 30 гола секоја сезона

Пепе го брани Роналдо: Тие што го критикуваат не знаат колку е тешко да се постигнува 30 гола секоја сезона

Роналдо и Пепе се дел од репрезентацијата на Португалија, а двајцата беа и соиграчи во Реал. Сезонава се сретнаа во Лигата на шампионите каде што се радуваше дефанзивецот кој со Порто го елиминираше Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој период многу се пишува за можноста Роналдо да го напушти Јувентус, а Пепе смета дека Португалецот ќе остане во Торино.

„Тие што го критикуваат Роналдо не знаат колку е тешко да постигнувате по 30 гола секоја сезона. Роналдо прави неверојатни работи. Мислам дека ќе остане во Торино и ќе уште ќе ги радува фудбалските фанвои“, изјави 38 годишниот Пепе.

Роналдо сезонава е на бројката од 25 гола во италијанското првенство, а се наближува и до јубилејниот 100-ти натпревар во сите натпреварувања во дресот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…