Дома Фудбал Останато Пеналите одлучија, Севиља повторно ја освои Лига Европа

Пеналите одлучија, Севиља повторно ја освои Лига Европа

Севиља после изведување на пенали беше подобра од Рома и го освои трофејот во Лига Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата чиста шанса ја имаше Спинацола уште во 10-та минута, но биеше млако во голманот на Севиља.

Веќе во 33-та минута Дибала покажа дека е играч за големи натпревари и постигна гол за водство по одличната асистенција на Манчини, резултат со кој се замина на одмор.

Севиља фуриозно го отвори второто полувреме и брзо дојде до израмнување. Навас центрираше, а Манчини неспретно реагираше и ја затресе сопствената мрежа за 1:1.

После 70-та минута двата тима почнаа да играат претпазливо и видовме неколку спорадични шанси на двете страни. Најзрелата шанса ја имаше Рома во продолженијата, Смолинг ја погоди пречката во 120-та минута.

Во изведувањето на пенали фудбалерите на Севиља беа прецизни, додека Манчини и Ибањез не успеаа да погодат кај Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…