Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер преку пенали до финале во Купот!

Пелистер преку пенали до финале во Купот!

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Пелистер, успеа да се избори за нофо финале каде ќе ги одмери силите против Шкендија.

Битолчани преку изведување на пенали ја алиминира Академија Пандев, откако на гости отпатуваа со предност од 2:1.

Пелистерци поведоа со гол на Марковски во 62-та минута, но Академија Пандев успеа да го сврти мечот и со погодоци на Атанасов и Крстовски дојде до победа од идентични 2-1.

Во пенал серијата Академија Пандев имаше две меч топки кои не успеа да ги искористи, а сето тоа го казни Пелистер, кој на голот го имаше феноменалниот Петровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…