Дома Фудбал Пеле повторно примен во болница

Пеле повторно примен во болница

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (81) примен е во болница поради лекување на тумор на дебелото црево.

Веста е потврдена од болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло. Портпаролот наведе дека Пеле е во стабилна состојба и дека би требало за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување.

Кон средината на октомври Пеле веќе имаше операција на туморот на дебелото црево, а потоа мораше да оди и на хемотерапии. Тогаш во болница помина скоро еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…