Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле (81) два месеци откако ја напушти болницата каде што му беше отстранет туморот на дебелото црево, објави дека секој ден се чувстувва се подобро.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Пријатели ви порачувам дека сум добро и секој ден се чувствувам се подобро. Мислам дека ниту заштитната маска за лице не може да ја сокрие мојата насмевка. Ви благодарам на сите за позитивната енергија“, објави Пеле.




Во пораката нема индикации како напредува неговата хемотерапија. Во последните 10 години Пеле се соочуваше со многу здравствени проблеми, посебно со колкот, додека туморот на дебелото црево му беше откриен после еден рутински лекарски преглед.