Ништо ново кога се во прашање фудбалските натпревари во Грција. Повторно видени големи немири и нереди и повторно повредени. Овој пат копјата се скршија врз српскиот фудбалски стратег на клупата од ПАОК, Владимир Ивиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За време на дуелот од плеј-оф фазата помеѓу Панатинаикос и ПАОК, навивачите на домашниот тим со полна лименка пиво го погодија во глава Владо Ивиќ. Некогашниот првотимец на Партизан падна на земја, а натпреварот беше прекинат во 54-та минута при резултат од 1:0 за домаќините.
Според последните информации, Ивиќ е хоспитализиран во една од атинските клиники со расеченица на главата.

Инаку, Панатинаикос и ПАОК, заедно со АЕК и Паниониос играат во плеј-оф фазата од која првопласираниот тим ќе избори пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.