Дома Фудбал „Пеколот“ на Азар продолжува, осма повреда откако е во Реал

„Пеколот“ на Азар продолжува, осма повреда откако е во Реал

Реал Мадрид долго го посакуваше Азар и за неговиот потпис издвои 100 милиони евра, но Белгиецот до денес не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголема причина за тоа се повредите, поради кои Азар никако не може да има континуитет и да ја врати препознатливата форма.

Азар синоќа повторно се повреди против Алавес, што беше осма повреда во последните 16 месеци поминати во Мадрид. Тој одигра само 25% од можните минути сезонава, додека минатата сезона имаше 33,6% минутажа.

Така, за целото време во Реал Мадрид, Азар нема ниту една третина (31,8%) од можните минути на теренот. За споредба, за седум години во Челзи, фудбалерот имапе 12 повреди.

Оваа сезона Азар одигра три натпревари во Ла Лига и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…