Дома Трансфер зона Паѓа рекордот на Погба: Утре се комплетира најскапиот трансфер во англискиот фудбал!

Паѓа рекордот на Погба: Утре се комплетира најскапиот трансфер во англискиот фудбал!

Многу сме блиску да го видиме најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

Џек Грилиш според најавите од Англија ќе потпише за Манчестер Сити за сума од 100 милиони фунти и така ќе го надмине рекордот на Пол Погба со трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.

Најавите се дека Грилиш утре ќе ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе следи официјализација на големиот трансфер.

Грилиш доби продолжен одмор поради настапот со Англија на Еуро2020 и неделава ги започна подготовките со Астон Авила.

Сити понуда за Грилиш ја испратил во петокот и таа била прифатлива за клубот од Бирмингем.

Ќе потсетиме, трансферот на Погба во 2016 година изнесуваше 93 милиони фунти. Грилиш е дете на Астон Вила и за овој клуб одигра 200 натпревари и постигна 32 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го сака талентот на Арсенал, Артета има план како да го задржи

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим, пренес…