Дома Фудбал Останато Пато: Да знаев дека ќе биде така во Челзи никогаш немаше да дојдам

Пато: Да знаев дека ќе биде така во Челзи никогаш немаше да дојдам

Челзи во текот на претходните години ангажираше голем број ѕвезди, но најмногу проблеми имаше со напаѓачките затоа што клубот често правеше грешки.

Бразилскиот напаѓач Александре Пато ја освои наградата „Златно момче“ и беше голема надеж на бразилската репрезентација, а сега откри дека жали што потпишал за Челзи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Пато се врати во Коринтијанс по одличните настапи за Милан, па потоа замина на позајмица  Сао Паоло, а потоа обезбеди позајмица во редовите на Челси каде играше шест месеци.

Бразилецот одигра само два натпревари и постигна еден гол, а тоа беше разочарување за него.

„Мислев дека Челзи ќе ме позајми на шест месеци и потоа ќе потпишеме договор на три години. Не сфатив на време дека можам да одбијам позајмица. Знаете зошто бев добар во Сао Паоло? Затоа што се грижеа за мене. Да знаев дека вака ќе биде во Лондон, немаше да потпишам за Челзи“, вели Пато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Англичанец жестоко ја нападна ФИФА по одлуката за суспензија на Роналдо

Легендарниот коментатор Ричард Кис жестоко ја критикуваше ФИФА откако ја донесоа одлуката …