Дома Останати Ракомет Парондо: Од Скопје имам убави спомени, среќен сум што Македонија игра на СП

Парондо: Од Скопје имам убави спомени, среќен сум што Македонија игра на СП

Роберто Парондо со Вардар направи голем успех во 2019 година кога со црвено-црните ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Со одличната работа во Вардар тој доби повик да биде селектор на Египет. Египет е во нашата група и против нив ќе играме во сабота.

По натпреварот со Чиле, Парондо зборуваше за Македонија и истакна дека поради спомените во Скопје е среќен што Македонија игра на СП.

„И честитам на Македонија што дојде тука во Египет, но во исто време ми е жал и за Чешка. За мене како тренер ова не е лесна ситуација. Ние се спремавме за дуел со Чесите, а сега имаме само 40 часа да се подготвиме за целосно поинаков противник. Сепак, среќен сум што Македонија игра на Светското првенство, Скопје за мене буди убави спомени“, изјави Парондо.

Македонија и со домаќинот на СП ќе игра во сабота во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Се појави као дух од ламба: Вчера ја видовме најдобрата одбрана на СП во ракомет!

На натпреварот помеѓу Јапонија и Данска е видена можеби и најдобрата одбрана на СП во рако…