Дома Македонски спорт Мак ракомет Парондо: Го принудивме противникот да прави грешки

Парондо: Го принудивме противникот да прави грешки

Вардар денес одигра одличен натпревар и запиша победа против Рајн Некар Левен од 27:30.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвено-црните го контролираа натпреварот во текот на комплетните 60 минути, а на крајот заслужено славеа.

После натпреварот Роберто Гарсија Парондо секако беше задоволен од неговите момци кои како што кажа го принудиле противникот да прави грешки.

„Кога се враќаш од долга пауза никогаш не знаеш што ќе се случи и затоа сме среќни. Започнавме добро и го принудивме противникот да прави грешки. Ова беше еден навистина одличен натпревар за нас“, изјави Парондо.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра на 16-ти овој месец кога во Скопје ќе гостува Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…