Златан Ибрахимовиќ на 40 години ја освои титулата со Милан.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шведскиот напаѓач се мачеше со болките поради повредата, но успеа да даде свој допринос во освојувањето на Скудетото, а потоа мораше да оди на операција поради која ќе биде надвор од терените неколку месеци.




Меѓутоа, Златан нема намера да се пензионира и сака и понатаму да игра. Последните информации од Италија се дека Ибрахимовиќ ќе добие договор на една година и тоа наскоро ќе биде официјално објавено.




„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ибрахимовиќ ќе игра за симболична сума и ќе се откаже од милионскиот договор за да помогне на тимот. Ќе потсетиме Златан во 2020 се врати во Милан после две години во МЛС лигата. На вкупно 74 натпревари постигна 36 голови во овој негов втор мандат во Милан.