Дома Фудбал Лига на шампиони Парите не играат фудбал: Ајакс е чист пример – еве колку потрошија за оваа генерација!

Парите не играат фудбал: Ајакс е чист пример – еве колку потрошија за оваа генерација!

Фудбалската школа на Ајакс е позната од поодамна, овој клуб на светот му подарил голем број фудбалски легенди како Сидорф, Давидс, Клајвертс, Овермарс, Ван Дер Сар…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во 1995 година Ајакс стигна до европската титулата, а оваа година овој тим има нова страшна генерација: Де Лихт, Де Јонг, Ван Де Бек, Зијеш, Нерес, Тадиќ…

Ајакс има фантастични играчи и во тоа нема соменвање, но овој тим Холанѓаните го составија за околу 50 милиони евра, сума која може да се каже дека на денешниот трансфер пазар е мала. Главниот адут на Ајакс како и секогаш и оваа година е нивната школа.

Од стартниот тим на Ајакс петмина фудбалери потекнуваат од школата на клубот и во Амстердам се од својата најмала возраст, шестиот е купен за едно евро подоцна, голманот го доведоа за 150.000 евра, а за четвротица беа платен поголеми оштети.

Ајакс практично инвестирањето во овој тим веќе го „врати“ и го наплати само со продажбата на Френки Де Јонг кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона, за неговите услуги Каталонците ќе платат 75 милиони евра, плус 11 милиони како бонуси. Ќе потсетиме минатата година Ајакс на Рома и го продаде синот на легендарниот Патрик Клајверт, Џастин за сума од 35 милиони евра.

Навистина ова е неверојатно кога Ајакс ќе се спореди со останатите европскио гиганти, но овој тим му покажа на светот дека во фудбалот може да се успее и со помалку пари.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…