Малезискиот параолимпиец Мухамед Зијад Золкефли, освојувач на златниот медал во фрлање ѓуле, беше дисквалификуван затоа што не се појави на натпреварот навреме.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Золкефли во вторникот освои златен медал во категоријата Ф20, но му беше одземен бидејќи доцнеше на натпреварот.
Золкефил и уште двајца натпреварувачи кои не освоиле медали доцнеле на натпреварот. Отпрвин, им беше забрането да учествуваат, а по нивниот протест, организаторите им дозволија да се натпреваруваат.
„Доцнеа, можеби имаа логична причина, па им беше дозволено да се натпреваруваат додека не се процени ситуацијата и не се разгледаат сите причини“, изјави портпаролот на ПОИ.