Дел од новата сезона во Лигата на шампионите ќе биде и екипата на Црвена Звезда која вечерва ќе се соочи со актуелниот европски шампион Манчестер Сити.
Пред овој натпревар во интервју за српски „Курир“ зборуваше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев кој секогаш е интересен за српските медиуми пред големите натпревари за Звезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Панчев истакна дека и минимален пораз за Звезда би бил успех против тим како Манчестер Сити.
„Шансите на Звезда против Манчестер сити објективно се многу мали. Сити е европски првак, има феноменален тим и секако е голем фаворит. Јас кога би бил тренер би играл со засилен среден ред и еден брз напаѓач, бидејќи мислам дека најдобриот дел од тимот на Гвардиола е средниот ред.
Минимален пораз од Сити е еднаков на победа. Да се загуби чесно, а не со пет-шест гола разлика. Не е неуспех да се биде поразен од ваков тим, бидејќи тие се навистина фантастичен тим“, смета Панчев.
Целото интервју на Панчев пред овој натпревар можете да го прочитате – ТУКА.