Дома Македонски спорт Пандев: Целта на Академија Пандев оваа сезона е излез во Европа

Пандев: Целта на Академија Пандев оваа сезона е излез во Европа

Горан Пандев овие денови е во Бугарија каде што ги следи пријателските натпревари за Академија Пандев.

Присуството на Пандев го искористи бугарскиот портал „Спортал.бг“ за кој тој истакна дека целта на Академија Пандев да влезе помеѓу најдобрите три екипи во ПМФЛ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нашата цел е да се бориме за Европа, кај нас во овој момент се неколку играчи на проба, ќе доведеме неколку за да го комплетираме тимот. Верувам дека можеме да се бориме за првите три места на табелата. Првенството во Македонија е изедначено и нема да биде лесно, сепак имаме добар тренер и млади играчи ако одработиме добар трансфер период верувам дека ќе имаме добра сезона. Се надевам дека во иднина ќе се појави нов Горан Пандев“, изјави Пандев.

И во новата сезона Академија Пандев ќе биде предводена од Александар Васоски.

Фото: „Спортал.бг“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…