Дома Македонски спорт Пандев после добивањето на италијанскиот пасош: Среќен сум, долги години се чуствувам како Италијанец

Пандев после добивањето на италијанскиот пасош: Среќен сум, долги години се чуствувам како Италијанец

Денес македонската фудбалска икона Горан Пандев доби италијански пасош.

Македонскиот фудбалер во 2001 година Пандев ја започна кариерата во Италија и таму се задржа скоро целата своја кариера.

Интер го доведе Пандев од редовите на Беласица и со исклучок на една сезона (2014/2015) ја помина надвор од Италија. Во таа сезона Пандев го носеше дресот на Галатасарај во Турција.

После 18 години, Пандев од денес има двојно државајнство.

На свечениот момент тој не го криеше воодушевувањето и искажа задоволство поради добивањето на италијанскиот пасош.

„Навистина сум среќен. Ова е голем ден за мене. Долго време се чуствувам како Италијанец, ви благодарам на поддршката“, изјави нашиот капитен.

Неодамна Пандев во изјава за италијанските медиуми потврди дека клупската кариера сака да ја заврши во Италија, додека на репрезентативната сака да стави крај со учество со Македонија на Европското првенство во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалер на Брајтон: Јас сум најдобриот играч за врска во Премиер лигата

Фудбалерот на Брајтон кој има 25 години, Ив Бисум, се смета себе за најдобар играч за врск…