Дома Фудбал Пандев: Пензија? Ништо не се знае, ќе видиме

Пандев: Пензија? Ништо не се знае, ќе видиме

Многу се пишува овој период за тоа дали македонската фудбалска икона Горан Пандев ќе игра и наредната сезона во редовите на Џенова.

Пандев зад себе има фантастична сезона во која обезбеди опстанок со Џенова и со Македонија се пласираше на Европското првенство. Поради ваквата сезона, но и добриот старт на квалификаците за СП во кој имавме и победа против Германија се најавува дека Пандев ќе одигра уште сезона.

Самиот тој истакна дека се уште ништо не се знае.

„Пензија? Сега уживам во изборениот опстанок со Џенова, па потоа следи Европското првенство. Идејата како што знаете од претходно ми е да ставам крај по Европското, но ништо не се знае“, изјави Пандев за италијанскиот „Скај Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…