Дома Македонски спорт Пандев не е сигурен дали сака да се пензионира: Да видам како ќе се развива ситуацијата

Пандев не е сигурен дали сака да се пензионира: Да видам како ќе се развива ситуацијата

pandev

Подолго време се најавува дека македонскиот капитен Горан Пандев на крајот на оваа сезона ќе стави крај на кариерата.

Сепак, Пандев со последната изјава за италијанските медиуми остави простор и после оваа сезонаа да го гледаме на фудбалските терени.

„Не знам дали ја играм последната сезона. Ќе почекам да видам како ќе се развива ситуација“, изјави Пандев и продолжи:

„Фудбалот многу ќе ми недостасува кога ќе прекинам да играм. Сега сакам да помогнам и да играм во интерес на клубот. Не сакам да ни се случи сезона како минатата кога до последна минута не знаевме дали ќе играме во Серија А“, заврши македонскиот капитен.

Пандев во Италија како што е познато го носеше дресот на Наполи, Лацио и Интер. Со Интер го оствари најголемиот успех и освои „триплета“ (Серија А, Копа Италија, Лига на шампиони).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стигна суспензијата од Серија А: Пандев нема да игра за Џенова до крајот на оваа година

Горан Пандев нема да настапува за Џенова до крајот на оваа календарска година. Македонскио…