Дома Фудбал Пандев за драмата во Серија А: Вакво нешто не сум доживеал, овој натпревар ни скрати пет години од животот

Пандев за драмата во Серија А: Вакво нешто не сум доживеал, овој натпревар ни скрати пет години од животот

Горан Пандев со Џенова вчера во последното коло од италијанската Серија А успеа да избори опстанок.

Џенова ремизираше со Фиорентина (0:0) и благодарение на победата на Интер против Емполи успеа да се избори за уште една сезона во најквалитетната италијанска конкуренција.

Драматично беше вчера во Италија кога Џенова неколку минути беше во Серија Б (во моментите кога резултатот на натпреварот беше 1:1), а потоа Самир Хандановиќ правеше чуда на голот на Интер и така го однесе својот тим во Лигата на шампионите, но и помогна и Џенова.

Пандев во вчерашниот натпревар играше од првата минута и беше заменет во 84-тата.

„Имам 36 години и вакво нешто не сум доживеал. Овој натпревар ни скрати пет години од животот“, изјави Пандев после натпреварот.

Џенова само поради подобриот меѓусебен дуел против Емполи (две победи) остана во Серија А. Пандев е убеден дека неговиот тим не заслужи да стравува за прволигашкиот статус до последната минута.

„Заслуживме да играме во Серија А во директните дуели со Емполи покажавме дека сме подобар тим, но мораме да бидеме благодарни на Интер и да им честитаме. Нашите навивачи и овој клуб не заслужија до последната минута да стравуваат за опстанокот“, смета Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…