Maкедонскиот капитен Горан Пандев за последниот натпреварот кој го одигра за Џенова против Јувентус доби казна од 1.500 евеа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Управата на италијанската Серија А донесе одлука да го казни Пандев со 1.500 евра поради премногу протести кај главниот судија на натпревар, Марко Гуида.
Покрај Пандев казна заработи и новиот стратег на Џенова, Тијаго Мота. Мота доби суспензија од два натпревари исто така поради реакции кон главниот судија.
Ќе потсетиме Џенова изгуби од Јувентус со 2:1, а многу контроверзи и коментари предизвика пеналот во 96-та минута после кој Роналдо го постигна победничкиот гол.