Дома Фудбал Англија Пакета може да добие доживотна суспензија

Пакета може да добие доживотна суспензија

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.

Англичаните утврдиле дека Пакета во четири наврати намерно добил жолти картони. Медиумите пишуваат дека доколку Пакета не ја докаже својата невиност може да добие доживотка суспензија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во 2021 година, одбранбениот играч на Стратфорд Таун, Кинан Исак, беше казнет на 10 години поради обложување на жолт картон во натпревар од ФА Купот. Три години претходно, Бредли Вуд од Линколн Сити беше казнет со шест години суспензија за два натпревари во кои намерно добиваше жолти картони вршејќи измама со обложување.

Обвинителите на ФА инсистираат на тоа дека прекршоците на Пакета се уште посериозни и затоа ќе бараат доживотна суспензија за 26-годишниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…