Дома Фудбал Останато Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим значеше и четврта титула во низа во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Освен освоениот трофеј, посебен момент во овој натпревар имаше и Родри стрелецот на еден од погодоците. Играчот за врска успеа да дојде до бројката од 74 натпревари во низа без пораз.

Шпанецот на тој начин ја оствари најдолгата низа на еден фудбалер во историјата. Пред вчерашниот натпревар, Родри го делеше второто место со тандемот на Милан од 1993 години, Малдини и Албертини. Од вчера тој е самостоен рекордер.

Родри следната сезона може да го стигне рекордот на непоразеност само во Премиер лигата. Имено, во најсилната англиска конкуренција тој е во низа од 50 натпревари на кои не знае за пораз. Тука рекордер е Сол Кембел со 56, па така не е многу далеку од Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бомба од Мадрид: Познато е првото засилување на Реал за новата сезона?

Реал Мадрид почнува нова ера со Жозе Мурињо на клупата. Кралевите после две години без тро…