Дома Фудбал „Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

„Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

Во изминатиот викенд падна нов отказ во италијанската Серија А, Сампдорија го отпушти Марко Џампаоло кој веднаш беше отпуштен по поразот од Монца од 0:3.

За Монца ова беше втора победа во сезоната, откако првата ја остварија изненадувачки против Јувентус. Од друга страна Сампдорија очајно ја започна сезоната и после осум кола имаа шест порази и два нерешени резултати што секако не се поклопува со амбициите на клубот.

Џампаоло во клубот дојде во јануари и за него ова беше втор мандат во Сампдорија, меѓутоа очигледно не се прослави. Во првиот беше далеку подобар и се задржа три сезона од 2016 до 2019 година.

Во кариерата тој ги водеше уште Торино, Милан, Емполи, Бреша, Каљари, Сиена, Катанија, Асколи и Кремонезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс бара крај на постот против Струга, која има четири бода предност

Кратовци по три натпревари без победа го пречекуваат лидерот во 15. коло. Струга ТЛ присти…