Како што објавија италијанските медиуми, Шчесни и Јувентус постигнале договор, па наскоро голманот ќе ја продолжи верноста со „старата дама“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шчесни ќе потпише договор до 2024 година според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона.
Тој од 2017 година е во Јувентус, а откако си замина Џиџи Буфон во ПСЖ стана прв голман на „бјанконерите“ и е одличен меѓу стативите.
Во тековната сезона тој има 16 настапи на голот на Јуве. Десет од нив се во Серија А, пет во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.
Раководството е задоволно од неговите настапи и со новиот договор сака долгорочно да го задржи во своите редови.